ИПАРД
             

  дома     ипард
ИПАРД Информатор

ИПАРД информаторот ви овозможува брзо и едноставно да дојдете до корисни информации во текот на процесот на аплицирање за средствата од ИПАРД.
Информаторот содржи база на податоци која опфаќа лица, приватни фирми, невладини организации и консултантски компании од Република Македонија кои се во можност да обезбедат услуги во областите од земјоделско производство, после бербени активности, преработка, продажба, како и планирање и развој на бизнисот во руралните средини. Со нејзино пребарување може да добиете информации за набавка на опрема, потребни репроматеријали, како и консултации при избор на технологии за производство и други консултантски услуги.

Доколку сакате да се регистрирате во базата на податоци на ИПАРД Информаторот, формуларот можете да го симнете тука , да го пополните и да го испратите на нашиот e-mail: info@ceprosard.org.mk


Што е ИПАРД?

Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД (2007 – 2013) за Република Македонија претставува пристап до фондовите на Европската Унија наменети за финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој со фокус на имплементација на законодавството на Европската Заедница во однос на заедничката земјоделска политика и политиките за конкурентно одржливо земјоделство, силни и одржливи рурални заедници и разновидна и одржлива рурална животната средина.


Мерки по ИПАРД

ИПАРД фондовите задолжително се трошат по утврдените мерки во ИПАРД Програмата и тоа за:
  • Мерка 101 - Инвестиции во земјоделските стопанства за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија
  • Мерка 103 - Инвестиции во преработката и пласман на земјоделските и земјоделско прехранбените производи за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија
  • Мерка 302 - Инвестиции за диверзификација и развој на руралните економски активности

Цели на ИПАРД

Основните придобивки за Република Македонија од реализација на ИПАРД Програмата (2007-2013) се: 2013) се:
  • Подобрување на пазарната ефикасност и спроведување на стандардите на Европската Унија преку реструктуирање и надградба на земјоделско- прехрамбениот сектор до стандардите на ЕУ како и преку зголемување на конкурентноста на земјоделските и земјоделско прехрамбените производи со цел подготовка на земјоделскиот сектор за пристап кон ЕУ.
  • Развој на руралната економија преку диверзификација на економските активности во руралните средини со цел да му се овозможи на руралното население дополнителни извори на приход и отварање на нови можности за вработување во руралните области.
АКТУЕЛНО
1. Распоред на ИПАРД инфо денови за јавен повик 01/2012  повеќе
2. Објавен Јавен повик 01/2012  повеќе

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap