Контактирајте не
име
e-mail
порака
дома
ипард
мерка 101
sitemap
Корисни линкови
www.mzsv.gov.mk
www.ipard.gov.mk
www.ipardpa.gov.mk
МЕРКА 101 - Инвестиции на земјоделски стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европска Унија
Инвестирање во земјоделските стопанства е основна мерка за подобрување на земјоделскиот сектор во земјата со помагање на земјоделските производители да достигнат подобри животни и работни стандарди, подобрувајќи го квалитетот на производството, како и приходите од земјоделството.
1. Приоритетни сектори од Мерка 101
Во согласност со одлуката на Владата на Република Македонија од 25-ти јули 2006 година, приоритетни земјоделски сектори што треба да бидат поддржани преку Мерката 100 се лозарство; овоштарство; градинарство; примарно производство на сурово млеко и одгледување на животни и живина за месо.
2. ТИП НА ИНВЕСТИЦИЈА ПО МЕРКА 101
(кликнете на инвестиција за подетални информации)
10111 Обновување на постоечки лозови насади
10121 Обновување на постоечки овошни насади
10131 Изградба и обновување на пластеници
10132 Изградба и обновување на постоечки стакленици
10133 Изградба и обновување на објектите за постбербени активности на постоечки пластеници и стакленици, со исклучок на тунелски фолии
10134 Модернизација на производство на зеленчук на отворено
10141 Изградба/обновување на објектите за одгледување на молзни крави, овци и кози
10142 Набавка на наменска опрема за молзење, ладење и чување на млекото
10151 Изградба/обновување на објектите за одгледување на маторици и свињи за тов
10152 Воспоставување на нови живинарски капацитети на земјоделски стопанства за одгледување на бројлери и модернизација на постоечките
Приоритетни сектори претставуваат групи на инвестиции по Мерка 101:
1011 Лозови насади
1012 Овошни насади
1013 Производство на зеленчук
1014 Одгледување на животни за производство на млеко
1015 Одгледување на животни за производство на месо
Инвестициите по приоритетни сектори ги покриваат трошоците за повторно засадување на површините со повеќегодишни култури (лозови насади и овоштарници), изградба и обновување на просториите на земјоделско стопанство како и помошните простории, купување на опрема за просториите за земјоделското стопанство, подобрување на системите за наводнување на земјоделското стопанство и специјална земјоделска машинерија, како и справување со ѓубривото од земјоделското стопанство, согласно стандардите на ЕУ за заштита на животната средина.
3. Кој може да биде корисник по Мерка 101 - Потенцијален корисник
1) Општа дефиниција на корисник За проектите од мерката 101 потенцијален корисник е земјоделско стопанство...
4. Постапка на избор на корисници
Изборот на корисниците се врши со проверка на исполнување на условите за користење на средствата за инвестиции предвидени...
5. Финансирање за Мерка 101
Редовната стапка на ко-финансирање на прифатливите трошоци за инвестициите изнесува...
АКТУЕЛНО
1. Распоред на ИПАРД инфо денови за јавен повик 01/2012
повеќе
2. Објавен Јавен повик 01/2012
повеќе
изработено од
Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook
linkedin
email
sitemap