Контактирајте не
име
e-mail
порака
дома
ипард
мерка 103
sitemap
Корисни линкови
www.mzsv.gov.mk
www.ipard.gov.mk
www.ipardpa.gov.mk
МЕРКА 103 - Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија
Инвестициите во капацитетите за преработка на земјоделски производи се со цел за подобрување и рационализација на преработката и маркетингот на земјоделското производство, за постепено достигнување на ветеринарните, санитарните и стандардите на Европската Унија за заштита на животната средина. Со инвестициите предвидени со мерка 103 ќе се придонесе кон зголемување на конкурентноста и додадената вредност на овие производи, а во исто време се работи за сектор со голем потенцијал за отварање на нови работни места.
1. Приоритетни сектори од Мерка 103
Во согласност со Одлука на Владата на Република Македонија од 25 јули 2006 г. Приоритетни земјоделски сектори што треба да бидат подржани преку мерката 103 се: виното, овошјето и зеленчукот, млекото и млечните производи и месото и месните производи. Приоритетните сектори претставуваат групи на инвестиции по мерка 103:
1031: Производство на вино
1032: Преработка на овошје и зеленчук
1033: Млеко и млечни производи
1034: Производи од месо
Инвестициите во приоритетните сектори ги покриваат трошоците за модернизирање на технолошкиот процес со цел подобрување на квалитетот на земјоделските производи, воспоставување на систем за следење и контрола на квалитет, изградба и обновување на капацитетите за собирни и откупни центри, финализација на процесот на производство на вино, набавка на опрема за преработка на млеко како и опрема во кланичните капацитети и капацитетите за преработка на месо и заштита на животната средина.
2. ТИП НА ИНВЕСТИЦИЈА ПО МЕРКА 103 (кликнете на инвестиција за подетални информации)
10311 Набавка на опрема за подобрување на квалитет на виното"
10321 Изградба и обновување на објекти за воспоставување и модернизирање на откупни центри за овошје и зеленчук
10322 Набавка на опрема за подобрување и модернизирање на производствените
10331 Воспоставување и модернизација на собирни центри на млеко
10332 Инвестиции за модернизација и технолошко осовременување на специјализираните капацитети за преработка на млеко
10341 Воспоставување на кланични капацитети на живина
10342 Модернизација и технолошко осовременување на постоечките линии на кланици за говеда, свињи и живина
10343 Инвестиции во кланични капацитети и капацитети за преработка на месо за заштита на животната средина
3. Кој може да биде корисник по Мерка 103 - Потенцијален корисник
1) Општа дефиниција за корисник. За инвестициони проекти по мерка 103 како потенцијални корисници може да се јават...
4. Постапка на избор на корисници
Изборот на корисниците се врши со проверка на исполнување на условите за користење на средства за инвестиции предвидени...
5. Финансирање за Мерка 103
Процентот на помош доделена на прифатените проекти изнесува до 50% од вкупно прифатливиот трошок. ВО рамките на оваа мерка...
АКТУЕЛНО
1. Распоред на ИПАРД инфо денови за јавен повик 01/2012
повеќе
2. Објавен Јавен повик 01/2012
повеќе
изработено од
Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook
linkedin
email
sitemap