EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Изградба на фекална канализација во општина Чучер Сандево за населено место Бањани и населено место Горњани

Заради изработка на документ за оценка на проектот за изградба на фекална канализација во населено место Бањани и населено место Горњани, на 15.05.2017 година, претставници од тимот на ЦеПроСАРД, ангажирани од МСИП проектот при Министерството за финанси, ја посетија општина Чучер Сандево. Беа остварени одделни средби со членови на општинскиот совет, граѓани од населеното место Бањани и Горњани и општинската администрација. Целта на разговорите беше утврдување на приоритетите и потребите на граѓаните во областите кои се под ингеренција на општината, односно утврдување на реалните потреби од изградба на фекалната канализација.
Ново изградената фекална канализација ќе биде поврзана со постоечката пречистителна станица за отпадни води во село Бразда. Изградбата на колекторот и дел од мрежата за фекална канализација е во согласност со стратешката определба за заштита на животната средина на општина Чучер Сандево.
Проектот ќе се финансира од компонентата инвестициски грантови од ИПА финансирани од страна на ЕУ преку МСИП проектот за подобрување на општинските услуги.
Општина Чучер Сандево, 15.05.2017


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap