EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Во Центарот за развој на Полошкиот плански регион на во Тетово, на 10.05.2017година се одржa конститутивен состанок на Мрежата за инклузивен рурален развој на Полошкиот плански регион

Претставник на ЦеПроСАРД ја презентираше методологијата на изработка на Програмата за работа 2017-2019 г. на Мрежата за инклузивен рурален развој и Акциски план за 2017-2018година.
Создавањето на мрежата за инклузивен рурален развој е одговор на предизвикот да се постигнат целите од Националната стратегија за регионален развој, фокусирајќи се притоа на економскиот развој на руралните подрачја во Полошкиот плански регион. Мрежата за инклузивен развој ќе им овозможи поддршка на општините и другите засегнати страни (невладините организации, економските оператори, ограноците на стопански комори, туроператори, здруженија на туристички работници, и др.) во Полошкиот плански регион за поефикасно и поефективно управување со руралниот развој.
Во мрежата е вклучен јавниот, приватниот и невладиниот сектор, кои како релевантни чинители ќе помогнат за економско обновување и развој на руралните подрачја во Полошкиот плански регион.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap