EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Тимот на ЦеПроСАРД започна со изработка на физибилити студија за изградба на фекална канализација во Франгово и Радолишта - Струга

Заради изработка на документ за оценка на проектот за изградба на фекална канализација во населено место Франгово и населено место Радолишта, на 17.05.2017 година, претставници од тимот на ЦеПроСАРД, ангажирани од МСИП проектот при Министерството за финанси, ја посетија општина Струга. Беа остварени одделни средби со членови на општинскиот совет, граѓани од населеното место Франгово и Радолишта, бизнис секторот и општинската администрација. Целта на разговорите беше утврдување на приоритетите и потребите на граѓаните во областите кои се под ингеренција на општината, односно утврдување на реалните потреби од изградба на фекалната канализација.
Ново изградената фекална канализација ќе биде поврзана со постоечката пречистителна станица за отпадни води управувана од меѓу општинско Јавно Комунално Претпријатие – ЈКП Проаква. Изградбата на фекална канализација е во согласност со стратешката определба за заштита на животната средина на општина Струга и потребите на жителите во населените места.
Проектот ќе се финансира од компонентата инвестициски грантови од ИПА фондот за рурална инфраструктура, финансирани од страна на ЕУ преку МСИП проектот за подобрување на општинските услуги.
Струга, 17.05.2017


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap