EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Завршен настан по повод официјално затворање на проектот “PologEnergyNet”

Како дел од активностите кои ги спроведува CeProSARD со Центарот зa Развој на Полошкиот Плански Регион, а во рамките на проектот Polog Energy Net на 26.05.2017година во Гостивар, се одржa завршен настан за значењето и потребата од интегрираното управување со енергија во Полошкиот плански регион.

На настанот беа презентирани практични примери за енергетска ефикасност вклучени во Водичот за интегрирано управување со енергија. заинтересираните учесници имаа можност да ја посетат подвижната лабораторија „Еко-караван“. Пред учесниците на настанот и претставниците на Регионална мрежа за интегрирано управување со енергија (ИУЕ), г-гица Нертила Дика ја промовираше важноста на користењето на обновливи извори на енергија и спроведување на енергетска ефикасност.

Проектот PologEnergyNet се имплементираше во рамки на проектот “Зајакнати граѓански организации за партиципативно транспонирање и спроведување на ЕУ 2020 пакетот за енергија и клима” финансиран од Европската Унија, како суб-грант од Милиеуконтакт Македонија, Фронт 21/42 и Институтот за обука КОЦКА.
Гостивар, 26.05.2017


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap