EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Реконструкција на дел од улица 1 во центарот на село Студеничане, со партерно уредување на центарот во селото, општина Студеничане

ЦеПроСАРД започна со изработка на физибилити студија, документ за оправданоста на проектот “Реконструкција на дел од улица 1 во центарот на село Студеничане, со партерно уредување на центарот во селото” во општина Студеничане. На 10.07.2018-та година, претставници од тимот на ЦеПроСАРД, ја посетија општина Студеничане. Во текот на посетата беа остварени одделни средби со градоначалникот на Општината г-н. Азем Садику, членови на општинскиот совет како и со граѓани од населените места во општината. Од граѓаните од населените места во општината и советниците од општинскиот совет беа формирани фокус групи со кои беа водени интервјуа. Целта на фокус групите беше утврдување на реалните потреби од реализација на проектот во општина Студеничанe. По интервјуата направени со градоначалникот, општинските советници и граѓаните активностите продолжија на терен каде на лице место беше направен увид во фактичката состојба.

Проектот ќе се финансира со заем од Меѓународната банка за инвестиции и развој (Светска банка), преку МСИП 2 проектот за подобрување на општинските услуги.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap