На 16.01.2020, тимот на ЗГ ЦеПроСАРД, во рамки на проектот “Чиста енергија за чист воздух”, организираше настан во хотел Карпош, Скопје – Тркалезна маса “Состојби, предизвици и перспективи за решавање на проблемите со аерозагадувањето во Скопскиот плански регион – Предлози”. Проектот се спроведува со финаниска поддршка на Владата на Р. Северна Македонија преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година.
На настанот свое обраќање имаа г-ѓа Ана Петровска – државен секретар во МЖСПП, г-дин Нехри Емрула – директор на Агенција за Енергетика на Република Северна Македонија, г-дин Стефан Богоев – градоначалник на Општина Карпош и г-ца Теа Тевева, проектен координатор. Активно учество на тркалезната маса земаа претставници од граѓанските организации Еко свест, РЕЦ, Новинари за човекови права, претставници од општините Карпош, Бутел и Шуто Оризари како и претставници од образовните установи СГГУ „Здравко Цветковски“ и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг при УКИМ. На оваа Тркалезна маса фокусот беше ставен на актуелните состојби со аерозагадувањето од резиденцијалниот сектор и беа нотирани можностите за имплементација на мерки за подобрување во со цел придонес за создавање на квалитетна и здрава животна средина.
Во вториот дел од сесијата предизвици и перспективи за решавање на проблемите со аерозагадувањето придонес со своето излагање на тркалезната маса даде претставникот на бизнис секторот – Агрометал преку претставување на иновативен производ - филтер за оџак за намалување на чадните гасови во домаќинствата.
Презентациите на г-дин Игор Панчевски експерт во EBRD за GEFF програмата укажа на можноста за користење зелена енергија преку пристапни кредитни програми на банките. Г-дин Здравка Стефановски, експерт за енергетска ефикасност го претстави стартувањето на нов проект преку кој ќе се овозможи создавање на валидни и применливи програми за енергетска ефикасност за т.н MABs (multiapartment buildings) – повеќекатни згради. Таргет група во овој проект се 30.000-50.000 домаќинства во Босна и Херцеговина и Република Северна Македонија.
Можностите граѓаните на СПР и пошироко, да ја подобрат енергетската ефикасност во домовите и да воведат користење на „чиста енергија“ за затоплување и остварување на секојдневните потреби во домовите преку користење на понудените решенија и проекти се големи. Потребно е тимско делување во сите сектори граѓанскиот, бизнис, образовниот сектор, локалната самоуправа и институциите, за капацитетите на граѓаните да бидат зајакнати и сознанијата и можностите за имплементација на мерките за ЕЕ во домовите и користењето на чиста енергија да бидат имплементирани.
|
|