EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Одржана првата обука за Зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата во рамки на проектот ТИМОР

Во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка - ТИМОР“, на ден 23.09.2020 година во Демир Капија се одржува првата од четирите предвидени Обуки за Зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата, почитувајки ги сите пропишан мерките и протоколи.

Обуката се спроведуваше следејки го изработениот “Водич за зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата“ од страна на стручните консултанти - дипломиран дефектолог Билјана Стерјадовска Стојчевска и дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор Даниела Саздова, кои воедно се и предавачи на обуките.

На обуката беа опфатени теми за организација на работно место и документација на работата, здравствена заштита на корисникот на услугата живеење со поддршка, современи пристапи во давањето поддршка на корисникот на услугата живеење со поддршка, поддршка на корисникот во обавување на секојдневните активности, поддршка на корисникот во грижа за домот и околината, поддршка на корисникот за вклучување во заедницата и користење на услуги во заедницата и самозастапување.

Проектот го спроведува ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:
• Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
• Специјален Завод “Демир Капија“;
• Општина Демир Капија и
• Фондација Лоза од Шведска

Проектот е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap